До 15 часот во Кавадарци излезеноста на денешниот референдум е 20,9 отсто.

Кавадарчани гласаат на 59 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 32.217 лица со право на глас. Претседателот на Општинска изборна комисија, Зоран Костов потсети дека вчера гласаа 19 немоќни лица.

До 15 часот во Росоман на гласање излегле 15,5 проценти од граѓаните, додека во Неготино 21,51. Во двете општини референдумското гласање се одвива мирно.

Во Росоман, се гласа на 10 избирачки места, а право на глас имаат 3.344 росоманци.

Претседателот на општинскста изборна комисија, Лазар Симоновиќ потсети дека вчера гласаа 17 немоќни лица од Росоман.

Општинската изборна комисија од Неготино бележи 21.51 отсто излезност до 15 часот. Гласањето на референдумот се одвива без проблеми.

Претседателката на ОИК во Неготино, Нетка Веселинова потсети дека се гласа на 28 избирачки места, а своето право на глас можат да го остварат 15.894 избирачи. Во текот на вчерашниот ден, своето право на глас го искористиле 16 стари и болни лица.