Според последните информации од ОИК Маврово Ростуше до 15 часот на гласачките места излегле 1.755 што е околу 18,5 проценти од вкупниот број запишани гласачи.

Во полошката општина Врапчиште, до 15 часот на гласање излегле 4.795 (18,84%) од вкупно 25.454 граѓани со право на глас.

Во две гостиварски општини, референдумското изјаснување се одвива без проблеми, а излезноста е двојно зголемена во споредба со утринскиот пресек, информираат од општинските комисии.

Во двете општински изборни комисии немало пријави за неправилности или попречувања на референдумското изјаснување.