Во Куманово излезеноста на референдумското изјаснување до 15 часот е 22,83 проценти, информираат од Општинската изборна комисија. Право на глас имаат 92.560 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места.
Во Липково излезеноста е 30,42 проценти до 15 часот информираше претседателот на ОИК, Лирим Јашари. Право на глас на референдумот во оваа општина имаат 25.200 лица кои гласаат на 36 избирачки места.
Во општина Старо Нагоричане, излезеноста до 15 часот е проценти изнесува 12,45 проценти, соопшти претседателот на ОИК, Драган Јовановски. Во оваа општина право на глас за референдумот имаат 3.363 гласачи, а гласаат на 38 избирачки места.