Во општина Гевгелија до 15 чаот гласале 5.224 граѓани од вкупно 19.234 колку што имаат право на глас или 27,16 отсто од гласачкото тело. Сличен е процентот на излезност и во општина Дојран каде до 15 часот гласале 751 лице или 27,6 отсто.
Нешто помала е излезноста во општина Богданци каде на референдумско изјаснување до 15 часот правото на глас го искоритиле 1.631 лице,а најмала е излезноста во општина Валандово каде гласале 2.035 граѓани или 20,41 отсто од вкупно запишаните 9.967 гласачи.
Референдумското изјаснување на граѓаните од општините на југоистокот продолжува мирно и без неправилности, велат од Општинските изборни комисии.