Во Општина Штип на 77 избирачки места своето правото на глас до 15 часот го искористиле 7.469 лица или 17,84 отсто од вкупниот број избирачи.
Според претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Сенка Андреева, референдумскиот процес се одвива мирно и во демократска атмосфера.
Околу 15:30 часот на гласачките места во штипската населба Автокоманда одѕивот е над 20 проценти.
Во Штип право на глас имаат 41.854 лица.