Гласањето на референдумот во Прилеп досега се одвива без застој и непречено, информираат од Општинската изборна комисија. Така е и во општините Крушево, Долнени и во Кривогаштани, велат од општинските комисии.
До 15 часот во Прилеп на гласање излегле 25 отсто од вкупно запишаните 64.309 избирачи, додека во Крушево 28,86 проценти од вкупниот број на гласачи кој изнесува 7 933.
Во Долнени од 11.580 избирачи своето право на глас до 15 часот го оствариле 26,56 проценти, а во Кривогаштани на гласање излегле 15,02 отсто.