На два часа пред затворањето на избирачките места правото на глас во општина Дебар го искористиле околу 30 отсто, додека во Центар Жупа 20 отсто од вкупниот број гласачи.
Од општинската изборна комисија потврдуваат дека до 17 часот гласале 5.467 лица од вкупно запишаните 18.318 гласачи.
Вчера во оваа оштина правото на глас го искористија 22 болни и изнемоштени лица.
Во општина Центар Жупа гласањето на сите 16 избирачки места тече без проблеми. До 17 часот гласале 1.337 лица од вкупно 6.686 гласачи колку што се запишани во единствениот извирачки список.
Во оваа општина вчера немаше гласање на болни и изнемоштени лица, бидејќи за тоа, во предвидениот рок, не била доставена ни една пријава.