До 17 часот на референдумот излегле на гласање 521.701 односно 29,01 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

Ова се податоци од обработените 3.442 од 3.513 избирачки места или нешто над 97%.