Мирно и без никакво нарушување на референдумскиот процес тече гласањето во општина Македонска Каменица.

Според последниот пресек и информациите од Општинската изборна комисија до 17 часот своето право на глас го оствариле 22,64 проценти од граѓаните регистрирани во Избирачкиот список.

- Само што пристигнаа информациите од 17 избирачки места каде денеска гласаат жителите на Македонска Каменица. Согласно информациите кои ги имаме, до 17 часот од вкупно 6.666 запишани граѓани, своето право на глас го оствариле 1.509 гласачи. Немаме дојава за какви било неправилности кои го нарушуваат референдумскиот процес, рече претседателот на ОИК Сања Митревска.