Излезеноста на референдумот во општина Гевгелија заклучно со 17 часот изнесува 33,6 отсто, информираат од општинската изборна комисија во Гевгелија.
На 37 гласачки места во општина Гевгелија своето право на глас го искористиле 6.462 од вкупно запишаните 19.234 гласачи.
Истовремено на 24 гласачки места во општина Валандово правото на глас го искористиле 2.624 граѓани или 26,32 отсто.
Мирно и непречено референдумкото изјанување се одвива и во општина Богданци каде излезноста до 17 часот изнесува 30,45 отсто со 2.062 излезени на гласачките места, а во општина Дојран гласале 969 граќани или 35,6 отсто од вкупно запишаните.