Во општина Ресен 22,76 отсто од граѓаните го оствариле своето уставно право на референдумот, информира претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански.
Според него, од регистрирани 16.760 гласачи во Избирачкиот список до 17 часот гласале 3.817 лица.
- Гласањето тече во најдобар ред, досега не се забележани никакви нерегуларности на сите 50 избирачки места во Преспа, изјави Тански за МИА.
Референдумското изјаснување ќе заврши во регуларниот термин во 19 часот со затворање на сите избирачки места.