Во општина Ранковце избирачкото право до 17 часот го оствариле 27 проценти од вкупно 3.016 гласачи регистрирани во единствениот избирачки список. - Гласањето се одвива непречено, а со последниот пресек во 17 часот излезеноста изнесува 27 отсто, односно гласаа 802 граѓани, информира претседателот на ОИК, Ранковце, Даниел Крстевски. Гласањето за референдумот се спроведува на 17 избирачки места.