Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, во Сарај веќе во пет часот бил исполнет законски предвидениот цензус од 50 плус 1.

До 17:00 часот во оваа Скопска општина на гласање излегле 54, 21 процент. По оваа општина најголема излезност има во Липково со 41,56 проценти, Центар со 40,87 проценти и Арачиново со 38,30 проценти.