Нема проблеми во текот на гласањето во Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани, информираат од општинските изборни комисии.
До 17 часот во Прилеп излегле 30,43 отсто од вкупно запишаните 64.309 избирачи, во Крушево 35,96 проценти или 2.854 избирачи од евидентираните 7.933, во Долнени 3.764 од 11.580 избирачи или 32,5 отсто, додека во Кривогаштани одзивот е 20,42 отсто или од запишаните 4.737 гласале 968 избирачи.