Гласањето на референдумот на 63 избирачки места во општина Кочани се одвива нормално и без проблеми. Од Општинската изборна комисија потврдија дека излезеноста до 17 часот е 25 отсто, односно до вкупно запишаните 32.998 гласале 8.268 граѓани.

Во општина Виница пак, одѕивот е 21 отсто, односно до 17 часот од запишаните 17.143 граѓани, на референдумот се изјасниле 3.304.

Слична е состојбата и во двете рурални општини Зрновци и Чешиново-Облешево, каде на гласачките места до 17 часот излегле 16, односно 18,9 отсто од граѓаните со право на глас.