Според информациите на општинските изборни комисии во три гостиварски општини излезноста на гласачите е над 25 проценти.

Во Маврово-Ростуше излегле да гласаат 2.158 односно 22,3 отсто од избирачите запишани во ЕИС . Во општина Врапчиште до 17 часот на избирачките места гласале 6.533 или 25,6 отсто од гласачите.

Во општина Гостивар,пак, процентот на излезеност е 27,4 отсто, односно на референдумското изјаснување излегле 21.722 граѓани.