Во општина Штип до 18 часот и 30 минути своето право на глас го искористиле 13.751 граѓанин.
Претседателката на Општинската изборна комсија од Штип, Сенка Андреева информира дека во проценти излезноста е 32,85 проценти.
Гласачките места се затвораат во 19 часот, по што следи и броењето на гласачките ливчиња. Андреева оценува дека на 77 избирачки места имало мирен референдумски ден.