Во мирна атмосфера и без неправилности 7.658 граѓани на општина Гевгелија до 18:30 часот го оствариле своето право на референдумско изјаснување или гласале 39,81 отсто од запишаните на Избирачкиот список, изјави Роберта Јанчева, претседател на ОИК Гевгелија.
Претседателот на ОИК Валандово, Илија Танчев соопшти дека во општина Валандово до 18:30 часот гласачкото право го оствариле 3.131 граѓанин или 31,4 отсто од гласачкото тело.
Во општина Богданци од запишаните 6.771 до 18:30 часот на референдумско изјаснување излегле 2.438 граѓани или 36,01 отсто, а во општина Дојран гласале 1.151 граѓанин што е 42,36 отсто од вкупно евидентираните гласачи.