Заклучно со последниот пресек направен во 18:30 во Делчево своето право на глас го оствариле 5.031 граѓанин.

Гласањето пред самиот крај се одвивало како и во текот на целиот ден, мирно и без никакви проблеми, соопшти Владимир Петровски, претседател на ОИК Делчево. - Имавме навистина мирен референдумски процес кој се спроведе во демократски дух. Во Делчево како што информиравме во повеќе наврати се запишани 14.721 гласач. Од нив на вкупно 36 избирачки места гласале 5.031 граѓанин со право на глас што во проценти изнесува 34,1 отсто, рече Петровски. Според информацијата на Петровски гласањето успешно заврши во 19 часот, на време се затворени гласачките места со исклучок на некои случаи во кои Општинската изборна комисија по насоки на ДИК успешно интервенирала.