Од вкупно 6.666 граѓани запишани во Избирачкиот список своето референдумско право до 18:30 часот го оствариле 1.767 гласачи.
Претседателката на Општинската изборна комисија во Македонска Каменица, Сања Митревска информираше дека во текот на целиот ден спроведувањето на референдумот поминал во најдобар ред.
- Македонска Каменица во однос на организирањето на референдумот имаа успешен ден. Граѓаните имаа можност до 19 часот да гласаат на вкупно 16 избирачки места. Од вкупно запишаните 6.666 граѓани со право на глас до последниот пресек во 18:30 за референдумското прашање се изјасниле 1.767 гласачи или процентуално 26,51 процент од граѓаните гласале, рече Митревска.
Додаде дека по донесувањето на целокупниот материјал од сите избирачки места следува пребројувањето на гласовите.