На прес-конференцијата, Мицкоски оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција.

- Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите предци биле Македонци“, рече Мицкоски, додавајќи дека референдумот е пораз не само на Договорот, туку и на, како што кажа, криминалното владеење на власта.

Запрашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори Мицковски кажа дека Заев не треба да бара предвремни парламентарни избори туку подобро му е да се подготвува за политичка пензија.