Ова е време, кога пратениците со својата одлука треба да ја направат Македонија подобра земја. Во споритвно единствена друга демократска алатка што преостанува се предвремени парламентарни избори веднаш, нагласи премиерот Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање, Заев, истакна дека очекува во текот на оваа недела да биде познато дали ќе имаат двотретинско мнозинство во Собранието, а доколку не успеат да обезбедат 80 пратеници кои би го поддржале договорот со Грција, очекува избори да бидат распишани веднаш и да се оддржат кон крајот на ноември.