Симптоматично е што во последните два часа се случил нелогичен пресврт во некои албански општини па излезноста енормно се зголемила, вели професорката Болјана Ванковска, откако ДИК излезе со првичните резултати после затворањето на гласачките кутии. Без разлика на се, според неа, по еден ваков резултат премиерот Заев, а и коалиционите партнери треба да се свесни дека го изгубија легитимитетот и треба да си поднесат оставки. Сепам, вели таа, борбата сега почнува, оти играта што треба да се доигра е „кумувана од многу поголем ментор отколку локалните актери тука“.

-Овде имаме голем ментор, кум и ова е нивно чедо. Кај нас е прегазено владеењето на правото, прекршен е Уставот , а и Венецијанската комисија на која се повикуваа само кога им одговара, сето ова води кон една поголема игра и народот ја почувствува играта и затоа голем дел не излегоа на референдумот“ – вели професорката Ванковска, во емисијата „Отворено на Алфа“.