Реферндумскиот резултат не значи дека дека народот е против ЕУ и НАТО, но е исклучиво против промана на името, вели новинарот Васко Ефтов.
-Граѓаните испратија јасна порака а тоа е дека не сакаат промена на името во Република Северна Македонија. Заев треба да се врати во Струмица и да отспие 7 дена, рече Ефтов синоќа во „Отворено на Алфа“.
На прашањето зошто наместо да поднесе оставка- како што вети ако цензусот не биде исполнет, Заев зборува за победа и како победник ја продолжува собраниската процедура, Ефтов вели:
- Заев досега имал 6-7 изгубени избори, додека пак Шеќеринска нема ниту една победа. Оставката не е во нивниот начин на размислување. ДИК всушност на рати сака да го спаси Зоран Заев не сакајќи да ги објави резултатите и му овозможува на Заев повторно да прави маниупулација. ДИК со одложување на резултатите не сакајќи му фрла гума за спасување, смета Ефтов.
Сега по референдумското фијаско според Ефтов име на држава не може да се промени во Собрание со 9-12 уценети пратеници.
-Ги видовме кои се, гласаа рано наутро за да не ги види никој, вели тој.
По однос на широка коалиција, според Ефтов, треба да се потсетиме на дебатата на телевизија Телма, помеѓу Никола Димитров, акутелниот министер за надворешни работи и според него идниот министер за надворешни работи, актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
-Николоски на два три пати објави став кој гласеше: „ Ние не можеме да бидеме во исто друштво и во иста влада со вас.“. Тоа значи дека е можна широка Влада но не со овие луѓе, не со Зоран Заев на чело на таа широка коалиција, смета Ефтов.