Последниот во Премиер лигата, Хадерсфилд, најде нов менаџер кој ќе го замени Дејвид Вагнер. Тоа е 36-годишниот Јан Зиверт, кој е Германец и повторно доаѓа од вториот тим на Борусија Дортмунд, како што се случи пред речиси 4 години со Вагнер.

Договорот на Зиверт е до летото 2021 година.

Менторот има малку искуство, откако во професијата е едвај три и пол сезони. Во тоа време, тој бил тренер на Рот-Вајс (Есен), а потоа работел како ментор на фудбалерите до 19 години на Бохум.

На 15 круга пред крајот на англиското првенство, Хадерсфилд е 10 поени од зоната за спасување.