Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, сака зголемување на платата, објавија некои шпански медиуми.

Триесет и двегодишниот Шпанец сака да добие 18 милиони евра годишно.

Според сегашниот договор којк е со важност до 2020 година, Рамос заработува 10 милиони евра годишно.

Серхио Рамос е во Реал од 2005 година. Досега тој за „кралскиот клуб“ одигра 593 натпревари, постигна 80 гола и оствари 38 асистенции.