Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини не остана должен на својот колега Јирген Клоп од Ливерпул по нерешениот резултат 1:1 во Лондон синоќа. Голот на „црвените“ дојде по очигледен офсајд, кој сепак не беше виден од судијата.
Во продолжението на средбата, Дивок Ориги беше многу блиску до тоа да обезбеди победата на гостите, но не успеа да реализира од неколку метри, иако и тоа беше офсајд ситуација, која не беше регистрирана.
– Се разбира дека сум разочаран од ремито. Ние имавме четири чисти опции, но не можевме да реалзираме. Ливерпул имаше две шанси – едната дојде по офсајд од метар и половина, а вториот во последната минута со Ориги, кој беше пред страничниот судија и повторно во офсајд. Клоп навикнал да победува со голови од офсајд. Пред некое време ме победи со Борусија Дортмунд, кога бев тренер на Малага со гол од 7-метри офсајд, така да нема од што да се жали, изјави стратегот на „чеканите“ по вчерашниот меч.