Крилото на европскиот клупски шампион Реал Мадрид – Герет Бејл, е исклучително незадоволен од неговата позиција во тимот, пишува „Марка“.
На Велшанецот не му се допаѓа улогата на резерва. Тренерот Сантијаго Солари се потпира на Лукас Васкез и младиот Виничиус на крилата. Британецот е на мислење дека е подобар играч од двајцата и не разбира зошто не игра место нив.
Тој е исто така незадоволен од неговите соиграчи, особено од Тибо Куртоа и Марсело. Двајцата си дозволија да коментираат за Бејл во интервјуа. Белгискиот голман изјави дека прекарот на Велшанецот бил „голфер“, бидејќи тој повеќе сакал да игра голф, наместо да контактира со другите играчи на Реал.
Марсело пак рече дека Бејл не знаел шпански и комуницирал со него само преку гестови.
Крилото, исто така, бил вознемирен од критиките од шпанскиот печат на негова адреса. По синоќешната победа од 2:1 над Леванте, се наметнало Лука Модриќ да го смирува велшкиот репрезентативец во соблекувалната поради горенаведените причини.