На 24 март околу 02:30 часот во полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во куќата сопственост на З.М.(56) во село Русиново, беровско, во моментот кога спиеле членови на неговото семејство. Повредени лица нема, а од пожарот куќата целосно изгорела. Пожарот, со помош на соседите, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово и увид извршиле увидна екипа од Полициската станица Берово и инспектор за пожари од Дирекцијата за заштита и спасување – Берово.