Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт ја доби наградата Орден на британската империја во Бакингемската палата, откако ја изведе Англија до полуфиналето на Мундијалот 2018 минатото лето. 48-годишниот Саутгејт, кој беше одликуван од Принцот Чарлс, е вклучен во почесната листа од Кралицата Елизабета во 2019 година.

– Ова е нешто многу посебно. Привилегија е да бидеш менаџер на англиската репрезентација и да ја добиеш оваа награда од кралското семејство. Многу е посебна, затоа што ги почитувам кралските традиции. Ова е момент кој ќе се сеќавам секогаш, изјави Саутгејт пред „Скај Спортс“.

Минатиот месец капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн беше одликуван со друг од Ордените на британската империја. Напаѓачот на Тотенхем реализира шест погодоци за време на Светското првенство во Русија, на кое Англичаните останаа на четвртото место.