Кандидатот за претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова на својот твитер профил доцна синојќа ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев дадена на трибината во општина Карпош, како дел од предизборната промоција на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од владеачките партии СДСМ и ДУИ, дека по претседателските избори ќе следи чистка на функционерите од извршната и локалната власт и откако актерот Драган Спасов-Дац му подари метла на претседателот на СДСМ да му помогне во расчистувањето со министрите, директорите, советниците и останатите функционери.
Се чудам од каде "смрдеше рибата ?! Народот ќе ви ја испорача "Метлата" на 5 мај!, напиша Силјановска.
*Платено политичко рекламирање