Кога станува збор за плодност не треба погледите да се свртуваат само кон жените туку и кон мажите. Машката плодност е важен фактор во зачнувањето. Затоа, кога ќе решите да имате дете, вашиот партнер треба да направи некои промени во секојдневниот живот и навиките.

Здрава тежина

На машката плодност влијае тежината. Клиничките истражувања спроведени во голем број на универзитети утврдуваат дека прекумерната тежина силно ја попречува плодноста кај мажите.

Цигари

Пушењето ги оштетува не само белите дробови туку и половиот систем. Никотинот и катранот во цигарите ги оштетуваат способностите и квалитетите на сперматозоидите. Сперматогенезата е нарушена, затоа можностите за квалитетно оплодување на јајце клетката драстично се намалуваа.

Повеќе сон

Ненаспаноста крие големи ризици за машката потенција и плодност. Хроничниот замор драстично ги намалува шансите да добиете дете. Во многу од случаите на проблеми со зачнувањето во основата е недостатокот на сон и квалитетна релаксација на организмот.

Кафе

Кафето може да влијае негативно на машката плодност. Ограничете го кофеинот.

Високи температури

Особено важно за машката плодност е заштитата на гениталиите од високи температури. Честото и долготрајно користење на жешките кади, тушеви, термални извори итн. може да го намали бројот на сперматозоидите. Носењето на тесна долна облека и панталони исто така е штетна за спермата.

Повеќе зеленчук во менито

Во зеленчукот се наоѓаат исклучително многу корисни материи, минерали, витамини и влакна. Сите тие го подобруваат квалитетот на спермата и ги зголемуваат шансите за зачнување. Антиоксидантите во зеленчукот се исто така од огромно значење за сперматогенезата.

Физички вежби

Истражување на Универзитетот Харвард покажа дека 44% од мажите со репродуктивни проблеми имаат намален број на сперматозоиди поради залежување и силно намалена физичка активност.

Алкохол

Пиењето алкохол негативно влијае на сперматогенезата и слободното движење на сперматозоидите. Секојдневното пиење на алкохол без дури да станува збор и за злоупотреба ја намалува способноста за движење на сперматозоидите.


Администратор
14/10/2019 12:13