Се запали подрум од куќа попладнево на улицата „Наца Пинџурова” во Кавадарци. Според очевидци, пожарникарите спречиле да изгори куќата.

Од Територијалната противпожарна единица велат дека причина за пожарот во подрумот најверојатно е неисправен фрижидер кој се запалил.

Пожарникарите на лице место интервенирале со две возила и четворица пожарникари.