Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 18:05 часот на брегот на Охридското Езеро кај населбата „Лагадин“, ги лишиле од слобода М.П.(38) и Н.Г.(28), двајцата од охридското село Пештани, поради незаконит риболов.
Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени: уловена риба охридска белвица, четири рибарски мрежи во различна големина, како и друга риболовна опрема.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.