Прес-службата на шпанскиот фудбалски шампион Барселона соопшти дека врз напаѓачот Луис Суарез денес успешно е извршена операција на менискус на десното колено.
Во клубот од Каталонија очекуваат 32-годишниот Уругваец да се врати на тренинзите по четири месеци.
Претходно беше објавено дека напаѓачот долго време се мачел со болка во коленото.
Оваа сезона Суарез одигра 23 натпревари за Барселона, постигна 14 голови и забележа девет асистенции.