Откако Македонските навивачки групи се обединија за натпреварот на Македонија против Косово од плеј-офот на Лигата на нациите, остана само одговорот на прашањето за која репрезентација ќе навиваат навивачите на Шкендија, познати како „Балисти“.

„Балистите“ на твитер објавија дека организарано ќе ја бодрат репрезентацијата на Косово. За разлика од нив навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб Шкупи истакнаа дека нема организирано да навиваат за Косово, туку секој поединец фан на чаирскиот клуб може да оди и да си навива за кого сака.

Претходно како што беше соопштено во јавност навивачките групи на македонските фудбалски клубови на состанок во Тетово договорија заеднички настап и навивање на натпреварот од плеј-офот во Лигата на нации кој ќе се одигра помеѓу Македонија и Косово на 26 март оваа година на градскиот стадион во Скопје.

- По средбата во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Мајмуни, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Улави, Ѓаоли…