По разделбата со Кристијан Ерикен, Тотенхем објави уште еден трансфер. Џовани Ло Селсо стана официјално играч на „петлите“, откако досега играше под наем од Бетис до крајот на сезоната.

Новиот договор значи дека Аргентинецот останува во лондонскиот тим до летото 2025 година. Во исто време, Тотенхем го потврди излезниот трансфер на Кристијан Ериксен во Интер.

На почетокот на сезоната, Ло Селсо страдаше од проблеми со адаптација и претрпе потрес на мозокот. Досега тој има 20 натпревари за Тотенхем и 2 гола, вклучувајќи го и првиот за ФА Купот на новиот стадион на тимот во победата над Мидлзборо.

Ло Селсо сè уште не успеа да се запише во листата на стрелците во Премиер лигата.