Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пако Алкасер ќе ја продолжи кариерата во Виљареал.
Клубовите се согласија за трансфер на 26-годишниот напаѓач за сума од 23 милиони евра.
Шпанскиот клуб во Алкасер гледа замена за Карл Токо-Екамби, кој замина во Лион.
Оваа сезона Алкасер настапи на 11 натпревари во Бундеслигата, постигна пет гола, но од септември тој само еднаш беше во почетниот состав.