СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.А.(26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

На 25.11.2019 пријавениот, преку апликацијата “Messenger“ се заканил дека на социјалната мрежа “Facebook” ќе објави компромитирачки материјали за оштетената, а со тоа ќе ѝ наштети на нејзината чест и угледот на нејзиното семејство. За да не го направи тоа, пријавениот побарал пари од оштетената.