На 26.02.2020 во 11.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека со спреј биле оштетени информативните табли на „Агенција за млади и спорт“ и „Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ на нивната зграда на ул.„Македонија“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.