Барселона има намера да го продолжи договорот со напаѓачот Лионел Меси. Претседателот на клубот, Јосеп Бартомеу смета дека склучувањето на новиот договор со 32-годишниот напаѓач е негов приоритет.
Сегашниот договор меѓу Аргентинецот и каталонскиот клуб е со важност до летото 2021 година. Договорот има клаузула за право на фудбалерот доколку сака да замине на крајот на секоја сезона.
Бартомеу планираше да разговара за условите на договорот со таткото на фудбалерот, Хорхе Меси на почетокот од овој месец и да се договори за сè во март, меѓутоа, големиот број скандали со кои се соочи клубот, ги одложија овие планови.
Самиот Меси би сакал да потпише договор со Барса до 2022 година, задржувајќи ја во него клаузула на која би можел да си замине доколку сака во летото 2021 година.