Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања направи осврт на новото задолжување во износ од 700 милиони евра,

„Јас ќе се вратам неколку месеци наназад после онаа средба кај Спасовски, во владата, чинам дека беше, 12-ти или 13-ти и тогаш рековме под итно да се бараат средства затоа што работата ќе биде многу сериозна.

Тогаш бев демантирам од владата, од ресорните министерства, од господинот Спасовски, дека тие воделе сметка и дека сега немало потреба од никакви мерки, буџетот бил ликвиден, блескаме итн. За да недела дена подоцна видовме како излегоа со апокалиптични сценарија дека ни се подготвува банкрот. За да еве три месеци потоа, ние денеска зборуваме за 700 милиони евра бруто износ којшто владата го обезбеди преку еврообврзница, до нас стигаат информации дека истата за само два дена е препродадена и дека тој што ја препродал отприлика некаде 0,45, 0,5 процентни поени остварил профит или тоа е некаде околу 21 милион евра на сметка на граѓаните, Но затоа еве ја отворам оваа тема, вие сте сите искусни новинари, да ја консултирате и ресорната министерка и потпретседателот во владата задолжен за економски прашања, да одговорат дали ова што јас го говорам е точно или не е точно.

Ако е точно е страшно затоа што 21 милион ги чини граѓаните само што не почекаа два дена од тоа што ја набавија таа еврообврзница. Настрана од тоа дека треба да платиме 170 милиони евра камати и прашањето е зашто ги имаме најлошите услови убедливо од сите и зошто само на 6 години се издаде оваа еврообврзница, но за тоа претпоставувам ќе ви одговорат претпоставувам надлежните.

Да, истовремено добив и таква информација дека од страна на Европската комисија е обезбеден заем од 160 или 180 милиони евра, дел од тој заем ќе пристигне во втората половина на јули месец, останатиот дел од заемот е врзан за структурните реформи којшто ценам дека ова влада нема никаков капацитет за да ги спроведе.

Така што јас би зборувал за 80-тина милиони евра коишто би стигнале до јули месец. Сето ова е помалку од оние една милијарда и педесет коишто и се потребни на Македонија за до крајот на годината да нема проблеми со ликвидност, односно тоа се средства кои што и се потребни на нашата држава, од први мај до 31-ви декември за да го покрие буџетскиот дефицит по основ на планираниот дефицит и по основ на оние помали примања кои што ќе стигаат во буџетот во периодот кој што следи, но истовремено задолжување поради раздолжување. Тука не се опфатени мерките од Ковид 2, Ковид 3 програмата кои што дополнително ќе го оптоварат буџетот.

Така што за да одржиме макро-економската стабилност за да нема кратење на платите како што тоа го планираше Зоран Заев и го најави на прес-конференциите, за да нема намалување на пензиите ќе бидат барем уште од прилика за нормално функционирање од 350 до 400 милиони евра за до крајот на годината. Врз основа на таа математика која што ја имаме ние расположлива сега, тоа е онаа математика којашто и вие ја гледате и којашто е јавно достапна. Условите и начинот на коишто се обезбедени овие средства тоа е друга тема, но ние покажавме дека сме различни споредено со СДСМ во минатото.

Се сеќавате кога се издаваа евро обврзници кодошеше државата се пишуваше писма по светот, се нарушуваше имиџот а тоа ги чинеше граѓаните десетици милиони евра поголема камата. Нашиот претставник во министерството, техничкиот заменик министер ги потпиша ги поддржа сите досегашни решенија затоа што цениме дека во овие тешки моменти потребно е тие средства да завршат онаму кај што се најпотребни, а тоа е во стопанството и во реалниот сектор. Тоа што овие средства Владата се обидува да ги пренасочи во обид за поткуп на граѓаните пред избори, тоа е друга работа. Но, и да се обидуваат и да поткупуваат, се што сакаат нека прават кога и да се случат тие избори, ќе видат како тоа ќе им се врати од глава по принципот на онаа нивна позната максима „Трас-трас“.“ - рече Мицкоски.

На прашањето каква одлука очекува од претседателот Стево Пендаровски, дали ќе се продолжи вонредната состојба за нови 14 дена Мицкоски одговори:

- Прво да кажам дека очекувам одлука која што денеска веќе откако ќе се донесе вонредната состојба ќе имате брифинзи каде што ќе викаат дека изборите сега ќе бидат на 5 јули. Тоа значи дека таман се направени овие 14 дена за да тие се повикаат на тие 22 дена кои што викаат дека се доволни според ДИК и да речат еве на 5 јули ќе имаме избори.

Така што не очекувам дека претседателот Стево Пендаровски нема да рече ќе рече нема да ви дадам 14 дена туку ќе бидат 30 дена да има, па ќе ја продолжиме вонредната состојба, иако вчера имавме 52 новозаболени со 4, а потоа коригирано 5 кои што го загубија животот, завчера имавме 38 со тројца, претходно исто така над 20 со тројца. За многу помалку вонредната состојба беше продолжена за 30 дена, сега очекувам дека оваа математика која што ја склопиле и ја составиле и од денеска нова реторика, прво беше 14 јуни, па 21 па 28, сега ќе биде 5 јули.

Тоа ќе биде, наместо да зборуваме за мерките како да не ни се случува да не умираат по неколкумина и неколку десетици да се заразуваат, сега ќе се занимаваме со тоа ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори, а СДСМ бил тој кој ќе оди на 5 јули на избори. Тоа не очекува деновиве и не очекувам дека ќе бидат прифатени 14 дена. Јас кажав и во текот на вчерашниот ден и денес дека после ова што ни се случи со овие 52 и со четворицата кои ги загубија животите и тие кои ги загубија пред нив, ние сме држава во регионот со најголем број на починати луѓе, најголем број заразени, први сме на оние непопуларни ранг листи и сега си го поставувам како човек и граѓанин во оваа држава прашањето, кога седат тие луѓе во комисијата за заразни болести и кога неколкумина заразени и нула починати предлагаа рестриктивни мерки и практично ги држеа луѓето во сериозен карантин, прогласуваа вонредна состојба од 30 дена и истите тие луѓе кои што вчера при 52 заразни и 4 кои починале дека размислуваат за повторно воведување мерки. Кога се повикуваа на Хипократ кога ја носеа првата одлука или сега вториот пат кога размислуваат? Апелирам до нив сепак на крајот од денот се доктори, овие луѓе ве школувале ви овозможиле бесплатно да се школувате и да завршите медицински факултет и да се грижите за здравјето на граѓаните. Не да се грижите да ги исполните желбите на диктатот на Зоран Заев.

Постапувајте според заклетвата која што сте ја положиле, апел до нив кога ќе се погледаат во огледало и да носат одлуки, да носат ваква одлука. Нека го заборават диктатот на Зоран Заев, затоа што животот ќе продолжи и после оваа влада на Зоран Заев. Ќе треба да се сретнеме по улица и ќе треба да се погледнеме во очи, некој ќе ведне глава и ќе тргна поглед. Тие се доктори и треба докторски да се однесуваат. Не може еднаш вака, втор пат по потребите на СДСМ поинаку.

Треба да разберат дека ова не е игра. Ова се сериозни работи, луѓе животи губат, други се збогуваат со најмилите, фамилии во црно се завиткани. И ова не е желбата на Зоран Заев. Јас одбивам вака да живеам во животот со коронавирусот и ќе се борам се додека можам да се спротивставам на овој начин на навикнување на живеење со корона. Така да, да очекувам да ги прифатат овие 14 дена ни ден повеќе ни ден помалку.