Во основните училишта во општина Тетово доставени се над 300 пријави за запишување во прво одделение во текот на денешниот прв ден од новиот рок за пријавување на првачиња, информира тетовската локална самоуправа.

-Годинава процесот на запишување во прво одделение во сите општински основни училишта во општина Тетово почна на 1 јуни. На првиот ден од уписот, повеќе од 300 деца ги доставија своите документи до основните училишта. Процесот продолжува со почитување на сите мерки на протоколот за здравствена заштита објавени од Министерството за образование и наука и Министерството за здравство, соопшти општината.

Според општинската администрација, вкупно 1.739 деца родени во 2014 година и до јануари 2015 година е предвидено да се запишат во прво одделение во учебната 2020/2021 година.


Администратор
02/06/2020 01:49