Во однос на изјавата на ДУИ за поставување црвената линија за прифаќање на договорот со Бугарија ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното:

1. ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа диктати ниту од СДСМ, ниту од друга политичка партија.

2. Доволно штета и направи на Македонија Зоран Заев, сите тендеции за друг Зоран Заев вклучително и кај Албанците ќе предизвика далекусежни последици за македонското ткиво и за самиот прогрес на државата.

3. Ако Зоран Заев прифаќа откажување од Гоце Делев и Историјата на Македонија тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го направи по ниту една цена.

4. Принцип за идно коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде според тоа што ќе се попушти или распродаде, туку тоа што ќе се изгради и направи согласно понудената програма.