Елаборирајќи ја ситуацијата пред се во источна Македонија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја истакна маката на македонските земјоделци со која тие секојдневно се соочуваат под власта на СДСМ.

- Најниска цена на тутун годинава и најмногу спуштени класи на тутун затоа што пред да се распушти собранието мнозинството предводено од СДСМ донесе Закон со кој може да се увезува тутун со цел да ја соборат цената и маката на домашните земјоделци. Цената на краставицата рекордно најниска. Зошто, заради тоа што дозволија увоз од Албанија, Цената на компирот исто така. Домати веќе не се садат заради тоа што зелената мафија во соработка со СДСМ и оваа власт продава кило расад за домат поскапо од „кило“ злато. Јас знам дека на луѓе кои живеат во центар на Скопје ова и многу не им значи но им значи на оние кои од тоа живеат. Нула странски инвестииции и нула домашни инвестиции во изборната единица 4. Таа е вистината за Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ќе понуди над 1000 квалитетни проекти со кој на граѓаните ќе им се подобри економската состојба, ќе им се олесни секојдневниот живот и ќе им се врати гордоста, Ние сакаме да им се обратиме на оние луѓе кои имаат распукани раце од мака, сакаме да им се обратиме на младите кои што гледаат да заминат, сакаме да им се обратиме на пензионерите кои што го губат достоинството, на работниците кои се мислат дали утре ќе имаат работа или не, на малите и средните бизниси. Тоа се луѓето од кои ние ја очекуваме довербата односно тоа се понижените и прегазени луѓе од оваа власт овие три години, кај кои што револтот и гневот е голем истакна Николоски.