Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси и во победата остварена синоќа проитв Атлетик Билбао (1:0) имаше значајна улога. Тој му асистираше на Хрватот Иван Ракитиќ во 71. минута при постигнувањето на единствениот гол на средбата.
За Аргентинецот ова беше јубилејна 250-та асистенција.
Меси има: 177 асистенции во Ла Лига; 33 во Лигата на шампионите; 32 во Копа дел Реј; 5 во Суперкупот на Шпанија; 2 во Суперкупот на УЕФА; 1 во Светското клупско првенство.