Носителот на пратеничката листа во Изборната единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска, на средба со граѓани истакна дека ако му се дозволи на неговиот политички противник Зоран Заев да добие уште еден мандат, тоа ќе биде погубно.

- Македонија може да се обнови после 3 години пустошење од Зоран Заев. Но ако му дозволиме уште еден мандат, засекогаш ќе ја уништи Македонија, ќе го продаде јазикот и економски ќе ја донесе до банкрот. Не смееме да дозволиме тоа да се случи!, вели носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4 Александар Николоски.