По ангажманот на поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем, ФК Работнички за новата натпреварувачка сезона се засили и со крилниот офанзивец Кристијан Стојковски како и левокрилниот дефанзивец Фисник Зука, соопштија „Романтичарите“.

Дваесет и осумгодишниот Стојковски, кој доаѓа од редовите на Академија Пандев, потпиша двегодишен договор, додека 24-годишниот Зука, чиј последен клуб е Ренова, потпиша едногодишен договор со клубот од „Дебар маало“.

Стојковски, покрај за Академија Пандев, во својата кариера има настапувано и за Шкупи, Македонија ЃП и Тетекс.

Зука, пак, пред Ренова настапуваше и за Шкупи како и за албанскиот прволигаш Фљамуртари.