Пожар зафати околу 2000 метри квадратни кај православните гробишта во тетовски Лешок денес после 12 часот. При пожарот нема повредени лица, информира тетовската полиција.

-Опожарена е површина од околу 2000 метри квадратни со сува трева, грмушки и отпадоци. Со интервенција на тетовската противпожарна единица пожарот е ставен под контрола и локализиран, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од тетовската полиција апелираат до граѓаните за поголема внимателност и избувнување на пожари со оглед на високите температури и топлото време. На почетокот на јули сличен пожар на место со сува трева имаше и во атаротна селото Волковија.


Администратор
14/07/2020 18:42