Дента кога Македонија брои 241 новозаразени, другарите на Заев полнат дискотеки со луѓе без дистанца и заштита

Зоран Заев и неговите пријатели и другари го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Дента кога во Македонија броевме 241 новозаразени од коронавирус и 8 мртви дискотеки во Струмица сопственост на другарите на Заев се преполни со народ. Без маски, без дистанца, без никаква заштита.

Зоран Заев и неговите другари 3 години го загрозуваат опстанокот на народот економски, а сега го загрозуваат и неговиот живот и здравје, само за профит.

Заев покажа дека единствено важни му се парите и профитот, на него и на нему блиските луѓе.

Зоран Заев ќе биде единствен одговорен за понатамошното влошување на состојбата со вирусот.

Секој нов случај ќе оди на неговата совест.

Македонија страда, додека Заев брои профит.